X
 15.06.2019 Живот

Игра на тронови: Патник продава седиште во преполн воз во Токио

Секое утро, милион луѓе во Токио ги преплавуваат пренатрупаните возови во најголемиот град во светот. Повеќето од нив мораат да стојат, често згмечени едни до други.

Искористувајќи го ова, еден претприемач-патник дошол до интересна идеја како да профитира од ситуацијата.

Неговата утринска рута се движела од предградието на Чиба до центарот на Токио - долго патување за кое речиси секогаш имал загарантирано седиште. Така, дошол до идеја да го стави седиштето на аукција за 14.50 фунти. Тој кажал во кое купе е, како и времето на возот и побарал од купувачите да му дадат доказ за плаќањето.

tokio
Фото: Alamy

Ова совршено го илустрира пеколот низ кој минуваат патниците кои одат на работа и се враќаат од работа. Повеќе од 3 милиони луѓе минуваат низ станицата Шинџуку, најпрометната во светот.

- На нашиот воз нема толку гужва како што имаат другите линии во Токио, но се надеваме дека патниците ќе имаат обзир еден кон друг и ќе си ги делат местата - изјави портпаролот на компанијата „Хокусо железница“.

Онлајн аукцијата за седиштето не траела долго. Бидејќи ги прекршил прописите, аукциската куќа „Меркари“ му наредила на патникот да ја отстрани аукцијата.

Ова не е првпат некој да се обиде да профитира од обезбедување на седишта во преполните возови во Токио. Во 2005 година била објавена книга што нудела совети за „техники за седење“, што покажувале како патниците да забележат место кое најверојатно ќе се испразни на следната станица. Книгата била продадена во илјадници копии, а една година подоцна бил направен и ваков филм.

Познатите професионални „туркачи“ и понатаму се појавуваат во утринските часови за да ги турнат луѓето во купеата кои се исполнети над капацитетот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот