X
 15.07.2021 Здравје

Предноста на комбинираната терапија како предуслов за успешен и брз третман на бенигна хиперплазија на простата

Автор: д-р Артан Рушај, хирург-уролог

Бенигна хиперплазија на простатата - БХП се дефинира како бенигно, неканцерогено зголемување (според типизација, хистолошки процес, односно прогресивна хронична болест), на простатичната жлезда, која е составен дел на машкиот урогенитален систем.
Имено, за да се објасни подобро оваа проблематика, првично би било добро да се објасни што е поимот простата. Простата е машка полова жлезда која ја опколува уретрата со нејзиното зголемување (внатрешно размножување), настанува делумно, парцијално или тотално стеснување на уретрата (мочниот канал), што предизвикува проблеми со уринирањето.
Во оваа смисла, за пациентите од огромно значење е причината за појавата на БХП, која досега не е позната. Како можни ризик-фактори се вклучуваат фамилијарната историја, фамилијарна анамнеза, гојазност, дијабетес тип 2, недоволна физичка активност и еректилна дисфункција.
Поради тоа, увидено е дека се работи за болест која се јавува со возраста, и тоа по 45-50 години. Со зголемување на возраста процентот е сѐ поголем. Процентот се движи од 48 до 78 % кај мажи од 50 до 80-годишна возраст, а кај оние над 80 години процентот достигнува до 92 %. Тоа укажува дека сите мажи ако живеат доволно долго, имаат големи шанси да добијат БХП.

Таканаречената хормонска андрогена-стероидна етиологија која е образложена во многуте светски студии и публикации, земајќи ги предвид и препораките на Европската уролошка асоцијација), Национален институт за здравство и клиничка извонредност на Велика Британија, како и други светски уролошки асоцијации, здруженија, се укажува дека тестостеронот, т.н. неговата конверзација во дихротестостерон (ДХТ) кој хормон е примарен андроген стимулатор на растот на простатата. Примарен андроген стимулатор на растот на простатата е дихидротестостерон (ДХТ) .

Кои се симптомите на БПХ и кога треба да се јавиме кај матичен лекар или уролог?

Симптомите на БХП се индивидуални и зависат од нејзиниот степен, но најчесто се појавуваат типичните симптоми на уринарниот тракт (СДУТ).
Но тоа што треба да се потенцира и што всушност е и главниот предзнак за идентификување на БХП е дека БХП е една од болестите, патологија која ги предизвикува СДУТ, затоа при појава на тие симптоми потребно е советување и преглед од страна на матичен лекар или специјалист уролог, со што со анамнеза и сите потребни испитувања ќе се направи диференцијална дијагноза на сите други уролошки болести и патологии, како и да додиференција на БХП, и да се одреди степенот на болеста и евентуалниот пристап со монотерапија (а-адренергични блокатори, со 5 алфа редуктаза инхибитори), или препораката на комбинирана терапија - што обично се препорачува кај средно-тешките или поточно и поизразено кај потешките пациенти.
Во анализата на овој текст ќе може да запознаете со двете компоненти кои се значајни при БХП, а тие се следните: статичната опструкција како последица од зголемување на жлездата и динамичната опструкција, што се должи на активацијата на мазните мускули на мочниот меур.
Во оваа смисла, како значајни симптоми кои се појавуваат се опструктивните и иритативните симптоми изразени како слаб уринарен млаз, продолжено мокрење, абдоминално напнување, колебливост, испрекинатост, нецелосно празнење на мочниот меур, терминално и поствоидално капење, како и зачестеност, ноктурија-ноќно мокрење, ургентност и инконтиненција - неконтролирано мокрење.

Дијагноза

Почнувајќи од медицинската историја - анамнеза, со помош на употреба на Меѓународниот прашалник за бодување на БХП како интернационален стандард (IPSS) и квалитет на живот (од 0 до 5) како резултат на уринарни симптоми (Qmax), кој се заснова на анкетирање и содржи 7 прашања (од 0 до 5 бода) за тежинатa на симптомите, се добива вкупен резултат:
0-7 (лесни) - препорака за редовно следење на пациентот
8-19 (средно) - препорака за монотерапија
20-35 (тешки) - препорака за златнава комбинирана терапија

Од големо значење е да се наведат и другите дијагностички процедури, кои имаат цел целисходност на целиот процес на идентификување на БХП, а кои ги вклучуваат следните процедури: простата специфичен антиген ПСА, физички преглед, ДРП- дигиторекталниот преглед, лабораториски испитувања, простата специфичен антиген –ПСА, мерење на креатинин и уреа (серум) како и други лаб-параметри и урин-анализа (уринарен статус); Uroflow -уродинамски испитувања (испитување на проток и под притисок брзина на урина, како и резидуалниот волумен на мокрење); ехо и рендген-дијагностика (трансамбдоминална и трансректалната утрасонографија, рендген-процедури и поспецифично ретко МР на простата).



Редовно прашање кое се поставува е кои се актуелните препораки за третман на БХП/ДУТС со комбинирана терапија и кои опции за третман се вклучуваат?

Одговорите за ова прашање се следните: редовно следење (Watchful waiting): е прифатлива опција за мажи кај кои ризикот од прогресија е мал, и со што може да се дозволи и процени дали симптомите се подобруваат или се влошуваат, и со симптом скор (0-7) и медикаментозна терапија (α-блокатори, 5α-редуктаза инхибитори, монотерапија и предностите на комбинирана терапија).
Според меѓународните стандарди и меѓународната пракса, како што се Европска уролошка асоцијација (EAU Guidelines November 2020, March 2021), Национален институт за здравство и клиничка извонредност на Велика Британија, како и други препораки од целиот свет, најчесто се препорачува комбинираната двојна терапија за третман на БПХ во случаи каде што пациентите се со умерени до тешки ДУТС, кај пациенти со зголемена простата (>40мл), и редуциран Qmax (мажи со зголемена веројатност да имаат прогресија), каде што не се препорачува за краткотраен третман (<1 година).
Истовремено, предноста и супериорниот, најпозитивен ефект е предноста со 2 -та ефекта: брз ефект (елиминирање на симптомите и зголемување на протокот на урина со релаксирање) и бавен, долготраен ефект (зголемување на протокот на урина), ја намалуваат големината на простатата преку хормонски механизам, со цел превенирање за настанување на компликации од БПХ.

Кои се предноста, целта и причините за комбинираната двојна терапија - како комплементарен третман во лекувањето на БХП?

Комбинирана терапија со дутастерид и тамсулозин во однос на tamsulosin монотерапија, дава значително поголема корист од монотерапијата за различни резултати пријавени од мажи со умерени до тешки симптоми на долниот уринарен тракт (LUTS) поради бенигна хиперплазија на простатата (BPH) и зголемување на простатата; дозирање еднаш дневно, подобра комплијанса и подобрување на квалитетот на живот.
При комбиниранава двојна терапија, како златен, супериорен, кулминативен и доста позитивен ефект настанува: намалување на инциденца на клиничка прогресија на БХП; се продолжува времето до АУР и операција на БХП; се подобрува максимален уринарен проток; успешно намалување на IPSS ,Q8* и комбинираната терапија е супериорна во однос на tamsulosin монотерапија во намалување на ноктурија.

Кои се препораките за пациентите

Според долгогодишното искуство како хирург-уролог во Клиниката за урологија во Скопје, следејќи ја констатираната состојба на пациентите во долгорочен период, можам да ги дадам следните препораки: редовни контроли и испитувања по 45-тата година од животот, при фамилијарна анамнеза-евентуална генетска предиспозиција, почести и порани редовни контроли (над 40-тата година), следење и евентуално примена на терапија, навремено почнување со монотерапија и најбитното - навремено следење и давање на комплетната комбинирана двојна терапија со цел да се иницира предноста и да се постигнат резултати од примената на оваа комплементарна терапија во лекување на БХП.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје