X
 15.07.2022 Живот

Совети од најсреќните луѓе на светот за одмор без стрес

Дали знаете дека Данците се најсреќните луѓе на светот? Истражувањата со години укажуваат на овие податоци. Една од причините што ја истакнуваа е тоа што овој народ знае да ужива во ситници и во специфичен стил и начин на живот познат како „хиге“.

„Хиге“ претставува удобност, благосостојба, пријатен амбиент и уживање во себе. Речиси 6 милиони жители живеат во оваа мала земја на северот на Европа. Своето време најчесто го поминуваат во викендици, кои ги има речиси 200.000 во Данска.

Како да направите хиге-оаза во вашиот дом?

Во текот на летните месеци, секој престој на свеж воздух е важен. Без разлика дали се работи за викендица покрај море или балкон во центарот на градот. Сепак, не значи дека секој надворешен простор е зона на релаксација и уживање.

Често балконите и терасите се користат за складирање работи за кои не можеме да најдеме место. За почеток, важно е да одредите кој дел од градината, дворот или балконот ќе стане ваша хиге-оаза.

Вашата хиге-оаза е одраз на личниот вкус, каде што секој детаљ прави разлика. Украсете го со перничиња во боја, релаксирачки градинарски мебел, саксии и украсни чинии. При изборот на градинарски мебел земете ги предвид начинот на одржување, стилот и просторот што ви е на располагање.

gradina
Фото: Freepik

Ништо без друштво

Поради обврските, поминувањето време со семејството и пријателите стана вистинско богатство. Покажете им ја вашата хиге-оаза и направете данска забава на ваш начин, така што ќе го направите заедно вашето омилено летно јадење или коктел, играјќи забавни друштвени игри. За да го направите искуството целосно, запалете оган или направете хотел за инсекти. Данците сакаат да поминуваат време на отворено и да живеат во хармонија со природата, па затоа организирајте кампување во градината со децата и доживејте сосема нова авантура.

За Данците, природата е место каде што одат да ја обноват својата енергија. Кога не можете да одите на брегот или во шумата, повикајте ја природата да дојде кај вас. Дајте му на вашиот двор допир на диво и нескротливо, што сигурно ќе предизвика чувство на авантуристичко планинарење.

Зошто постојат толку вили во Данска?

Данската Влада, преку државна иницијатива, пред 400 години одлучила да им понуди парцели со пристапни цени на индустриските работници кои живееле во пренаселени населби на големите градови. Идејата зад иницијативата била на секој дански граѓанин да му се даде можност да остане во природа и на чист воздух, а вилите со генерации останале кај семејствата, додека вистинската ренесанса се случила за време на економскиот раст во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот