X
 15.08.2016 Живот

Тибетански тест кој ја открива суштината на вашата личност

Вклучете го вашето логичко размислување, опуштете се и обидете се да одговорите на следните три прашања кои си играат со вашата потсвест.

Обидете се да не размислувате предолго додека одговарате, само кажете го она што прво ви доаѓа на памет. Ако е потребно, запишете ги одговорите. На крајот од тестот ќе дознаете нешто важно за себеси.

1. Замислете си дека пред вас се наоѓаат пет животни - крава, тигар, овца, коњ и свиња. Поставете ги по редослед според тоа кое животно најмногу ви се допаѓа.

2. На животните и предметите од листата подолу дајте им по една придавка:

Кучето е...
Мачката е...
Глушецот е...
Кафето е...
Морето е...

3. Размислете за пет луѓе во животот кои ви се важни. Изберете боја за секоја од овие луѓе - жолта, портокалова, црвена, бела, зелена. За секој човек можете да изберете само една боја.

Во продолжение се резултатите од тестот.

 


1. Одговорите на првото прашање се однесуваат на вашите приоритети во животот. Кравата е кариерата, тигарот е чувството на самопочит, овцата е љубовта, коњот е семејството, а свињата парите.

2. Вашите одговори на второто прашање може да откријат како го гледате животот на потсвесно ниво.

- Асоцијацијата со кучето укажува на тоа како ја гледате вашата личност.
- Асоцијацијата со мачката го симболизира карактерот на вашиот партнер.
- Асоцијацијата со глушецот покажува како ги гледате вашите непријатели.
- Асоцијацијата со кафето го претставува вашиот став кон сексот.
- Асоцијацијата со морето го опишува вашиот живот во целина.

3. Бојата го одредува вашиот став кон луѓето кои сте ги избрале:

Жолта - личноста за која никогаш нема да заборавите дека имала влијание врз вашиот живот.

Црвена - личноста која ја сакате со целото срце.

Бела - личноста за која сметате дека е вашата сродна душа.

Зелена - личноста која ќе ја помните до крајот на животот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот