X
 15.08.2019 Живот

Најбогатата фамилија на светот за една минута заработува 70.000 долари

За една минута 70.000 долари, за еден час 4 милиони, а за еден ден 100 милиони долари. Толку заработува најбогатата фамилија на светот, која стои зад американскиот трговски синџир „Волмарт“. Фамилијата Валтон е тешка 191 милијарда долари, а само во текот на изминатата година нејзиното богатство се зголемило за 39 милијарди долари.

Но, тие не се единствени. Фамилијата Марс, која заработува огромни суми пари со продажба на чоколади, во последните 12 месеци успеала да го дополни својот паричник со 37 милијарди долари и така да дојде до богатство од 127 милијарди долари, додека фамилијата Кок заработила 26 милијарди долари и сега има 125 милијарди долари. А тоа се само американските мегабогати фамилии. Најбогатите фамилии во светот, вкупно 25, поседуваат речиси 1,4 билион долари, што е скок од 24 отсто во споредба со истиот период лани, односно од неверојатни 250 милијарди долари.

Меѓу нив се и кралската фамилија Ал Сауд, за која се претпоставува дека „тежи“ 100 милијарди долари, сопствениците на модниот бренд „Шанел“ и италијанската фамилија Фереро.

Погледнете ја табелата.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот