X
 15.08.2022 Живот

Усмртен моржот кој стана атракција во Норвешка

Моржот Фреја, кој стана атракција во Осло, бил усмртен поради грижи за безбедноста на јавноста, изјавиле норвешките власти.

Моржот стана познат откако почна да се качува на бродови за да се сонча, притоа потонувајќи повеќе од нив. Луѓето не се придржувале на наредбите да не му се приближуваат на животното и со тоа самите се ставале на ризик, пренесува Би-би-си. Во еден случај полицијата блокирала дел од плажа откако моржот бркал жена кон водата.

Минатата недела норвешките власти објавиле фотографија од голема група луѓе, меѓу кои имало и деца, како стојат веднаш до моржот.

Властите донеле одлука да го усмртат моржот бидејќи оцениле дека продолжува да биде потенцијална опасност за луѓето. Биле разгледани и други опции, како преместување на моржот на друга локација, но тие биле отфрлени поради грижи за здравјето на моржот.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Норвешка дирекција за рибарство
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот