X
 15.09.2020 Живот

Секое дете е единствено и посебно, а и така треба да се гледа, вели психологот Радмила Живановиќ

За тинејџерите се многу значајни активности во кои тие би се чувствувале значајни, посебни, а воедно и слушнати и разбрани. Значајно е да најдете начин да откриете што ја интересира, да покажете интерес за нејзините содржини, но не пренападно, туку со почит на нејзиното одбивање. Не вознемирувајте се многу кога ќе одбие веднаш да разговара со вас, тоа е обид да си ја дефинира приватноста, и тоа треба да се почитува. Не притискајте ја премногу да ги прави исправно работите, не споредувајте ја со некој со кој немате потреба да ја споредувате, дури ниту со сестрата ниту со вас. Најкомплицирани се споредбите и знаат најмногу да ги ранат тинејџерите. Од друга страна, поставете јасни и доследни граници, но доста креативни.

Ова е дел од одговорот од психологот Радмила Живановиќ на прашање на читателка. Остатокот прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Живот