X
 15.09.2022 Живот

Унгарките ќе мора да го слушнат отчукувањето на срцето на бебето пред да направат абортус

Жените што ќе бараат абортус во Унгарија ќе бидат принудени прво да го слушнат отчукувањето на срцето на бебето пред операцијата, налага новиот закон. Според законот, здравствените установи мора да им покажат на бремените жени јасна индикација за виталните знаци на бебето пред да продолжат со бараниот абортус.

Според Министерството за внатрешни работи на Унгарија, речиси две третини од Унгарците сметаат дека првото срцебиење на бебето го означува почетокот на животот на детето. Од Министерството додале дека модерната опрема може да детектира срцебиење рано во бременоста, со што би се обезбедиле јасни информации за бремените жени.

Од друга страна, Ерон Деметер од унгарската подружница на „Амнести интернешнал“ изјавил дека законот е голем чекор наназад и дека ги става жените што во уште потешка позиција.

- Единственото „достигнување“ на овој амандман ќе биде тоа што луѓето кои се обидуваат да добијат абортус ќе бидат потрауматизирани и под поголем стрес - изјавил Деметер.

Според него, законот не им дава информации на жените, туку им создава притисок да се откажат од абортусот, што е нарушување на нивните човекови права.

Законот стапува во сила оваа седмица.

Извор: Sky news
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот