X
 15.10.2019 Економија

Минималната плата се зголемува на 14.500 денари

Премиерот Зоран Заев најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари.

Во моментот минималната плата изнесува 12.507 денари.

- Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме за дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари - изјави Заев.

Потенцира дека до крајот на мандатот се надева дека ќе ја постигнат целта минималната плата да достигне 16.000 денари, а просечната 30.000 денари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија