X
 15.10.2020 Култура

Нова хорор-серија на „Нетфликс“ што гледачите веќе ја прогласија за една од најстрашните

По гледањето на серијата базирана на романот „Вртење на завртката“ од Хенри Џејмс од 1898 година, гледачите велат дека буквално им треба време да закрепнат. Новите девет епизоди предизвикаа тие од страв да ги покријат сите огледала во нивните домови, а многумина се шегуваат дека по оваа серија покривањето на огледалата е новото покривање на веб-камерите.

По гледањето на оваа серија дефинитивно чкрипењето на вратата ќе го доживувате како последица на паранормални активности. Иако многу гледачи сметаат дека приказната е многу страшна, други се согласуваат со описот на серијата од режисерот Мајк Фланаган, кој во суштина ја опишува како љубовна приказна.

- Овој пристап ќе овозможи нов начин за раскажување на љубовните приказни. И на крај, навистина е тешко да се разликува трагедија од романса. Тоа чувство на романтичен копнеж по некој што многу ни значел, но повеќе го нема, навистина е срцето на секоја приказна за духови - вели тој.

Иако серијата оди по стапките  на „Прогонувањето на Хил Хаус“ (The Haunting of Hill House) од истиот режисер и враќање на дел од истата актерска екипа и креативен тим, овие приказни не се поврзани.



Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура