X
 15.10.2021 Живот

Над 170 километри во чест на Тоше Проески ќе трчаат ултрамаратонци

Петнаесет ултрамаратонци денеска од граничниот премин Табановце ќе го почнат маратонот по повод 14-годишнината од трагичното загинување на нашата најголема поп-ѕвезда Тоше Проески, кој го загуби својот живот во сообраќајната несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Маратонците ќе трчаат преку Скопје и се очекува утре напладне да стигнат во Крушево, односно до местото Гумење каде што се наоѓа спомен-куќата на Тоше. Крушевчани ќе ги дочекаат ултрамаратонците со црвени рози.

Чествувањето по повод 14-годишнината од загинувањето на балканска музичка ѕвезда почна во четвртокот, кога петмина од ултрамаратонците во Хрватска симболичното истрчаа 15 километри од местото Нова Градишка.

На 16 октомври во Спомен-куќата на Тоше на Гумење ќе се одржи изложба, а таму веќе е поставена кутија за донации на посетителите. Акцијата ќе трае до 25 јануари, кога е и роденденот на прерано починатиот музичар кој имаше исклучителен глас -Тоше Проески.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот