X
 15.10.2021 Здравје

За да одат на работа, Италијанците мора да имаат ковид-пропусници

Ковид-пропусниците, или таканаречени „зелени карти“, се задолжителни за сите вработени лица во Италија.

Оваа одлука беше одобрена од Владата на Марио Драги во средината на септември. Според неа, сите вработени лица треба да покажат доказ за вакцинација, негативен тест направен пред најмногу 48 часа или доказ дека неодамна биле заразени со болеста.

Потврдите се задолжителни и се однесуваат за вработените во сите јавни установи и приватни фирми. За лицата и фирмите што нема да ги почитуваат правилата ќе има казни, како неплатено суспендирање или парична казна. Досега во Италија се бараше ваква потврда при влез во музеј, театар, сала за вежбање и затворени ресторани, како и за возови, автобуси и летови за долги патувања.


Фото: Pixabay

Одлуката за задолжителна потврда за сите вработени предизвика протести во Рим, не кои дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата. Владата се надева дека со одлуката ќе се зголеми стапката на вакцинација.

Според податоци од „Ројтерс“, 15 отсто од работниците во приватниот сектор и 8 отсто од вработените во јавниот сектор немаат ваква потврда. Од синдикатите било побарано тестирањето да биде бесплатно за вработените што не сакаат да се вакцинираат, но Владата изјавила дека цената на тестовите ќе биде ограничена до 15 евра.

Досега 4,71 милиони луѓе во Италија заболеа од ковид-19, а починаа 131.000 лица. До 13 октомври 41,9 милион лица (70,4 отсто) од жителите биле целосно вакцинирани.

Извор: Sky News
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје