X
 15.11.2020 Живот

Методи за намалување на стресот што се користат низ светот

Стресот е меѓународен феномен, но според една анкета, жителите на одредени земји се посклони на него отколку другите. Анкетата спроведена во 2019 покажува дека Грција е на врвот со земјите чии жители сметаат дека се под стрес.

Психологот Најдин Џони вели дека луѓето може да го намалат секојдневниот стрес на повеќе начини. Некои се релаксираат додека возат, а други се смируваат јадејќи ручек сами. Сè се сведува на користењето на петте сетила за смирување, вели Ариел Санк, која работи со луѓе со анксиозност и опсесивно-компулсивно нарушување. А еве што прават луѓето во некои делови од светот за да го намалат стресот.

Борачки вештини за вежбање на телото и умот

Борачките вештини како карате, таеквондо и аикидо се популарни во азиските култури како начин за вежбање на телото, умот и духот. Ваквите ментални и физички вежби прават да се чувствувате добро во моментот, но и помагаат во надминувањето на стресните моменти.

При вежбањето борачка вештина телото лачи ендорфин, кој прави да се чувствуваме среќно. Освен тоа, ваквите вежби ве поттикнуваат да дишите подлабоко, што му помага на телото да се смири.


Фото: Pixabay

Уживање во шумски предели

Многу луѓе низ светот ја ценат природата, но практикувањето шинрин-јоку, што се преведува како „капење во шума“, доаѓа од Јапонија и ѝ дава посебно значење на природата. „Капењето во шума“ значи станување дел од природата, а тоа се прави со користење на сите пет сетила. Чувствувањето на тревата под нозете или слушањето лисја што паѓаат може да има моќен ефект, вели Санк.

Првиот чекор за станување едно со природата може да биде оставањето на телефонот дома додека одите на прошетка. Доколку не можете да излезете од домот поради пандемијата, Санк предлага визуализирање на мирен простор, фокусирајќи се на сетилата.

Јадењето лута храна го поттикнува телото да лачи хормони на среќа

Луѓето што јадат лута храна имаат помал ризик да починат од срцева болест бидејќи лутата храна ги намалува воспаленијата. Освен тоа, лутата и зачинета храна го поттикнува лачењето на серотонин и ендорфин, кои прават да се чувствуваме среќни.


Фото: Pixabay

Медитација со молчење

Медитацијата со молчење, или тивката медитација, се практикува од страна на будистите. Целта на овој вид медитација е да го смири умот. Експертите велат дека за почеток треба да се прифатат мислите што ви го предизвикуваат стресот, за потоа да може да престанете да ги слушате.

Автор: Андреа Мајклсон
Извор: insider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот