X
 15.12.2019 Образование

Какви видови професори ќе сретнете на факултет?

Во текот на вашата прва година на факултет ќе сретнете и ќе се запознаете со многу професори; некои ќе бидат навистина посебни, некои неподносливи, некои инспиративни, а некои неизбежни. Можеби вашите професори не се од истиот град или земја, меѓутоа, можат да бидат категоризирани во неколку типови.

1. Демонстраторот

Овој вид професор најверојатно ќе носи чудни работи на предавање и ќе прави експерименти пред студентите со цел тие подобро да ја сфатат лекцијата.

2. Експресниот

Овој професор ќе дојде на предавање со неверојатна брзина и ќе ја искористи секоја минута од предавањето за да оди напред и да го земе целиот материјал. Не смеете никогаш да пропуштите предавање од овој професор.

3. Бавниот

За време на предавањата на овој професор ја имате слободата да дремнете, а кога ќе се разбудите, верувајте, ќе ја слушате истата тема за која зборувал пред да заспиете.

4. Професор нетолерантен за мобилни телефони

Внимавајте бидејќи овој вид професори имаат нула толеранција кон мобилните телефони за време на предавањето и може да ви го земат телефонот и никогаш да не ви го вратат.

5. Професорот со необичен стајлинг

Овој вид професори се појавуваат во алишта кои не би можел никој друг да ги носи. Неверојатна е потребата да изгледаат уникатно и да се издвојуваат.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование