X
 15.12.2020 Живот

Како од бајка: Прекрасно тиркизно швајцарско езеро со интересна легенда

Бојата на водата во езерото е речиси нереална - целосно тиркизна, а сепак проѕирна и чиста. Особено во комбинација со зеленилото на околните шуми, оваа дестинација потсетува на најубавите сцени од рекламите.

Во Западна Швајцарија, во долината Кандер, има мало езеро што се протега на помалку од еден хектар. Сепак, тоа е многу популарна туристичка дестинација.

Станува збор за езерото Блузи, односно Сино Езеро, и само еден поглед на фотографиите е доволен за да разберете зошто сите сакаат да го посетат.

Бојата на водата во езерото е речиси нереална - целосно тиркизна, а сепак проѕирна и чиста. Особено во комбинација со зеленилото на околните шуми, оваа дестинација потсетува на најубавите сцени од рекламите за чоколади. Додајте и студен, свеж планински воздух и имате совршено лековит излет.


Езерото се снабдува со вода од мали подводни извори што понекогаш може да се забележат додека стоите покрај езерото.

Исто така, може да се забележи и скулптура на жена која гледа во небото и изгледа како да плаче. Постои легенда поврзана со езерото која вели дека тоа ја добило бојата од очите на една жена која ја оплакувала смртта на својот сакан. Тој починал откако паднал од карпа, а таа тука останала и плачела до крајот на својот живот. Во 1998 година уметникот Рафаел Фукс ја направил статуата на жената што лежи на дното на езерото, така што само нејзината глава излегува над површината.


Малку бизарна приказна во близина на толку убава сцена, но секогаш може да се тешиме со фактот дека станува збор за легенда.

Местото околу езерото е совршено за алпинисти, велосипедисти, планинари и оние што сакаат романтично возење со брод. Од есен до пролет може и да се нурка во езерото, така што ќе можете да ја видите статуата одблизу. Езерото не замрзнува во зима, но сцената под снегот е навистина посебна.


Во близина се наоѓаат убаво хотелче и ресторан, па можете да се опуштите без да мислите каде потоа или како да се вратите откако ќе се стемни. Околните патеки се погодни за сите возрасти и не се напорни, а до езерото лесно може да се стигне со автомобил или со локален автобус.



Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Instagram | Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот