X
 15.12.2021 Култура

Новинарот Ненад Георгиевски промовира книга со 70 интервјуа

Новинарот Ненад Георгиевски, вечерва од 20 часот, во скопското кафуле „Глуво куче“ ќе ја промовира неговата трета книга „Уште музика, уште муабети“. Промотор на настанот ќе биде Милан Дамјаноски. 

Станува збор за книга составена од 70 интервјуа кои се реализирани во период од 20 години. Таа се состои од разговори со реномирани музичари, фотографи, режисери, новинари, автори. Поделена во неколку поглавја, во книгата се наоѓаат интервјуа со класични музичари како Филип Глас, Макс Рихтер, Олафур Арналдс, Мориконе, Симон Трпчевски, потоа Dead Can Dance, Анушка Шанкар, џез-музичари како Гоце Стевковски, Џек Деџонет, Рон Картер, фотографи како Жига Коритник, Бил Вајман (Ролинг Стоунси) или новинари/автори како Алан Лајт, Бред Толински и Тошо Филиповски.

- Како студент по англиски, интервјуата ми беа најдобар контакт со јазикот во жива форма и уживав додека ги читав. Во мојата колекција имам одлични книги со интервјуа и разговори кои се и не се поврзани со музика. За мене, интервјуата се најдобар начин од прва рака да се добие информација. Во овој случај е и одличен начин да се раскаже нечија приказна и да се прикажат нечии размислувања, но со нивни зборови. Имам работено насекаде и тоа за различни медиуми и ова е одличен начин да ги ставите работите на едно место. По некое време сакате да ги архивирате работите, но и да ги претставите во една читлива и интересна форма - вели Георгиевски, кој досега има објавено над 200 интервјуа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура