X
 15.12.2021 Култура

Откриен оригиналниот план на авторот на „Игра на троновите“

Во серијата „Игра на троновите“ видовме дека убивањето на Џон Сноу не беше крајот за овој лик, но книгите на Џорџ Р. Р. Мартин објавени досега ја раскажуваат приказната до овој момент. Дали Мартин ќе ја следи приказната од серијата или планира различен крај?

Обожавателите претпоставуваат дека Мартин ќе напише сличен крај бидејќи крајот на серијата бил напишан со негова помош. Меѓутоа, на интернет кружи верзија од оригиналниот план за книгата кој Мартин им го покажал на издавачите на почетокот од 90-тите години. Мартин им испратил писмо на издавачите во 1993 во кое напишал како планира да ја развива приказната, а според писмото, настаните се разликуваат од она што го читавме и гледавме.

Во првиот план, по смртта на Нед Старк, Кетлин ги зема Бран и Арија и бара прибежиште кај братството „Ноќна стража“, но тие одбиваат да ѝ помогнат. Таа го поминува ѕидот за да побара помош од Менс Рејдер пред да биде убиена од Белите талкачи.


Во Есос, Денерис го убива Кал Дрого како одмазда за она што тој му го направил на брат ѝ. Истовремено, Тирион го тргнува Џефри од Железниот трон поради неговата бруталност.

Џејми седнува на тронот откако ги убива сите што требало да бидат наследници пред него, а го затвора Тирион. Тогаш Тирион му помага на семејството Старк и на крајот се вљубува во Арија.

Тоа било планот за првата книга на Мартин, кога тој планирал приказната да биде трилогија. Во планот Мартин напишал и дека на крајот од првата книга Бран седи на тронот, а Џон Сноу му е непријател, додека Денерис се подготвува за напад, а талкачите гледаат и стануваат посилни.

Според ова, Мартин планирал Бран да седи на тронот на крајот од првата книга, како што се случува во серијата.

Извор: Mental Floss
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура