X
 15.12.2021 Здравје

Светот не е подготвен да спречи идна пандемија

Светот не е подготвен за нова пандемија, а уште помалку е способен да спречи ваква ситуација, покажуваат резултатите од индексот за сигурност на глобалното здравје за годинава. Оцената за спречување на пандемија е 28,4 од 100.

Според резултатите, 113 земји во светот не им обрнуваат внимание на болестите што се пренесуваат од животни на луѓе. Податоците од анализата покажуваат и дека глобалната оцена за рано откривање и известување за епидемии кои би можеле да бидат опасност за целиот свет е 32,3, додека оцената за брза реакција и мерки за спречување на ширење на епидемија е 37,6.


Фото: Pixabay

Оцената за подготвеноста на здравствениот сектор е 31,5, додека посветеноста на придржувањето до глобални норми за подобрување на државните капацитети и финансии е 47,8.

Единствената оцена што е над 50 е онаа за генералната околина за ризик од биолошки закани, која изнесува 55,8.

Според индексот, генералната оцена за здравствена безбедност на Македонија е 42,2 од 100, што ја става земјата на 69. позиција од 195 земји во подготвеност за епидемија.

Оцената за подготвеноста за спречување епидемија на Македонија е 35,7, за подготвеноста за рано детектирање е 37,1, а за подготвеност за брза реакција е 35,2. Подготвеноста на здравствениот сектор во земјата е оценета со 38,3 поени, придржувањето до нормите со 47,4 поени, а подготвеноста за ризикот и ранливоста на биолошки закани се оценува на 59,7 поени.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје