X
 15.12.2022 Живот

Концепт на живот кој им помага на Норвежаните да уживаат во зимата

За Норвежаните, многу се важни чистиот воздух и престојот во природа, дури и во зима кога температурите се под нулата.

Добро е познато дека нивните зими се долги и мрачни, но жителите успешно се справуваат со нив благодарение на концептот „фрилуфтслив“ (filuftsliv). Овој збор може да се преведе како „живот на свеж воздух“. Поимот донекаде е сличен на данскиот „хиге“ (hygge), но додека данскиот поим е за добро чувство дома, норвешкиот е за уживање надвор.

Фрилуфтслив е дел од норвешката традиција. Станува збор за прифаќање на животот надвор, дури и на студени температури, со цел подобро поврзување со природата и опуштање. Концептот не бара трошење пари за уживање. Може едноставно да одите на прошетка со семејството, да кампувате или да уживате во риболов.


Фото: Pixabay

Иако мнозинството од нас уживаат во ваквите активности, за Норвежаните тоа е страст и тие ги прават без разлика на временските услови. Според нив, уживањето во свеж воздух нема алтернатива.

За време на пандемијата, жителите на Осло користеле апликација која ги открива пешачките и планинарски патеки низ земјата, а во земјата има и Закон за рекреација на отворено, според кој секој жител има право да користи земја низ Норвешка за кампување, планинарење, скијање, возење велосипед итн.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот