X
 04.01.2016 Култура

Филмови што сте ги пропуштиле во 2015 година кои вреди да се погледнат

Крајот на старата и почетокот на новата година е традиционално време во кое се потсетуваме на се` што се случувало во претходната, или во овој случај, се` што се снимило. Голем број медиуми пишуваат за најслушаните песни и најгледаните спотови и филмови.

 

филмови


Кога станува збор за филмовите, ви нудиме листа на филмови кои веројатно сте ги пропуштиле во 2015 година, а вреди да ги погледнете.

1. „Amy“

 

Гледачите со тешко срце го изгледаа „Amy“, документарецот за покојната Ејми Вајнхаус. Филмот го докажува неверојатниот талент на Ејми, и како таа доживеа ужасна осуда од јавноста. Моментално е водечки документарец на британските кина, а можеб да добие и номинација за Оскар.


2. „Carol“

 

Станува збор за раскошна љубовна приказна, која се случува во текот на 50-тите години од минатиот век, а во која повторно и повторно можете да се заљубите. Филмот ја раскажува приказната за потенцијалниот пар кој го глумат Кејт Бланшет и Руни Мара, но повеќе филмот е насочен кон самиот чин на заљубување.


3. „Mommy“

 

На крајот на годината Ксавиер Долан го режираше видео спотот за најголемиот хит на годината „Hello“, од Адел и започна да го снима своето холивудско деби - филмот за животот и смртта на Џон Ф.Донован, со Кит Харингтон и Џесика Честејн во главните улоги, додека неговиот филм „Mommy“ е извонреден, визуелен и изненадувачки емотивен.


4. “Tangerine“

 

Филмот е приказна за две проститутки, транссексуалки кои лудуваат на Божиќ по Сансет Булеварот. Ова е филм кој ја одразува 2015 година повеќе од сите останати филмови оваа година. Снимене со iPhone 5c, низ Инстаграм филтер, а главните улоги ги глумат две транссексуалки без претходно професионално искуство.


5. „Mad Max:Fury road“

 

На Џон Милер му беа потребни 25 години повторно да ја „распали“ франшизата која го прослави. Том Харди во главна улога е одличен, додека Шарлиз Терон донесува феминистички пристап кон филмот.


6. „Eden“

 

Овој филм на интересен начин ги прикажува раните, андергрунд сцени од Париз во 90-тите. Сценаристот и режисер Миа Хансен-Лав низ главниот лик, Пол Вале, ја отсликува амбицијата пред 20 години, прикажувајќи ја паралелно растечката клупска сцена.


7. „The tribe“

 

За целосно да го сфатите овој филм мора да го познавате украинскиот знаковен јазик. Публиката е оставена да си игра детектив во филмот за група на млади луѓе кои воведуваат рекет и ја контролираат проституцијата во училиштето во кое учат.


8. „The lobster“


 

Дебитантско дело на грчкиот режисер Јоргос Лантимос. Колин Фарел е 40 годишен човек кој завршува како јастог. Лантимос создава сложен мисловен експеримент кој ја испитува нашата желба истовремено да бидеме сами и заедно.


9. „Dior and I“

 

Прашање е дали филмот би бил на листата доколку не излезеше веста дека главниот лик на филмот, Раф Симонс, ја напуштил оваа куќа.


10. „Sunset song“


 

Сликарска адаптација на класичен училишен роман во режија на Теренс Дејвис, се отвора во шармантно темпо како ниту еден снимен филм од 2015 година. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура