X
 05.01.2016 Здравје

Норвешките доктори сакаат да забранат нешто без кое Балканот не може

норвешка тутун 

 

Норвешкото здружение на доктори (Legeforeningen - NMA) до 2035 година во оваа скандинавска земја има за цел да го претвори норвешкото општество во непушачко, а како прв чекор кон таа цел тие предложија забрана за продажба на тутунски производи за луѓето родени од 2000 година па натаму.


Претседателката на NMA, Марит Хермансен изјави дека консумирањето на тутунски производи не е основно човеково право.

„Долго време имаме политика за постепено укинување на пушењето до 2035 година. Оваа мерка е за постигнување на целта. Сакаме генерации без тутун“, вели таа.

„Не треба да се забрани пушењето, но ние сакаме младите да не започнат со консумирање на тутунот“, вели таа, додавајќи дека верува во политичката поддршка за иницијативата на ова здружение.

„Министерството за здравство изјави дека главната цел е да ги натера младите да не пушат. Тоа значи дека кога новите генерации ќе остарат, нема да можат да купуваат тутунски производи во Норвешка“, завршува Хермансен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје