X
 06.01.2016 Живот

Кој не би сакал ваков наставник?

Академијата Рон Кларк користи трансформативни методи за учење на своите ученици. За основачот Рон Кларк, ова значи многу, многу танцување.

 

ron


Кларк сподели клипче од него и неговите ученици како танцуваат на песната „Bet You Can't Do It Like Me Challenge“ - видеото стана вистински хит и има преку 2 милиони прегледи.

„Во Атланта претежно живеат Афроамериканци и расизмот не е нешто што може да се забележи во нашиот град“, вели еден родител во Фејсбук коментарот. „Да се види како овој човек им дава на овие малцинства образование од видот „можете да бидете она што сакате да бидете“, кај мене предизвикува восхит. Посакувам мојата ќерка Пејтон веднаш да започне на училиште за да може да присуствува на предавањата на овој човек“.

Академијата Рон Кларк претходно го привлече вниманието на јавноста поради својот возбудлив пристап кон образованието. Академијата е инспирирана од училиштето Хогвартс од Хари Потер, а кампусот вклучува двокатен банџи скок, лизгалки и прилагодени училници. 

 

Ron Clark Academy having fun with the #doitlikemechallenge

Posted by Ron Clark on Sunday, January 3, 2016
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот