X
 06.01.2016 Образование

Највлијателните универзитети во светот според Википедија

Велика Британија е добро рангирана на листата на највлијателните универзитети во светот составена врз основа на анализа на спомнувањата на институциите на „Википедија“.


Универзитетите во Кембриџ и Оксфорд се на првите две места, соодветно, над американските „Харвард“, „Колумбија“ и „Принстон“.

Надвор од САД и Велика Британија, на 11 место се наоѓа најдобро рангираната институција во Германија, универзитетот „Хамболт“ во Берлин. Шведскиот „Упсала“ се наоѓа на 15-то место.

Рангирањето било направено од страна на Хосе Лагес и Дима Шепелјански. Академиците ги рангирале универзитетите со помош на алгоритмот користен од страна на „Гугл“ за рангирање на интернет-страниците.

Првите десет највлијателни универзитети се:

1. Универзитетот во Кембриџ

2. Универзитетот во Оксфорд

3. „Харвард“

4. „Колумбија“

5. „Принстон“

6. Технолошкиот институт во Масачусетс

7. Универзитетот во Чикаго

8. „Стенфорд“

9. „Јејл“

10. Универзитет во Калифорнија, „Беркли“.

Целосната листа најдете ја ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование