X
 08.01.2016 Култура

Како една граматичка грешка за малку спречи глобален договор за климатските промени

Во Ла Сена, салите се посебно конструирани за дискусии од историско значење, и се донесуваат најголемите еколошки одлуки во историјата. Но, едно нешто за момент можеше да ги промени работите. Причина? Еден погрешен збор.

 

greska


Конференцијата COP21 во Париз која собра 195 земји имаше за цел да ги елиминира зголемените емисии на стакленички гасови во овој век. На конференцијата беа поставени насоки, а некои од нив беа и законски обврзувачки, но воглавно се` беше доброволно и без специфични мерки и цели.

На конференцијата беше создаден систем кој треба да им даде поттик на земјите да започнат да преземаат доброволни мерки за намалување на емисиите како и да обезбеди поддршка за земјите во развој преку инвестирање на милијарда долари за да се олесни транзицијата кон позелена економија.

Драма позади сцената

Пред да се случи свечениот говор на лидерите на присутните држави, неколку часа пред големиот настан, се случи голема криза која ги потопи сите надежи за договор за климатските промени - и тоа на самото заклучување на договорот. Оној договор за кој се размислуваше две недели и кој беше во подготовка четири години наназад.

Зошто?

Имено, правните советници од американската делегација забележаа промена помеѓу претпоследната и конечната верзија која беше презентирана. На местото кадешто во сите претходни верзии стоеше зборот „should“, во конечната верзија, поради некоја непозната причина зборот бил заменет со „shall“.

За сите читатели кои не владеат со англискиот јазик, „should“ е англиски збор кој значи „би требало“, додека „shall“ на македонски значи „ќе“. Иако наизглед се чини мала грешка, сепак имаше огромни импликации.

Едноставно кажано, со „should“ се бара морална обврска на нациите, но не ги тера навистина да преземат нешто, а од друга страна „shall“ значи дека постои законска обврска да се преземе акција. За во конечниот текст да стои зборот „shall“, тоа значи дека Американците мораат да добијат одобрување од Конгресот за да го прифатат договорот - а тоа е нешто што по правило се смета за апсолутно невозможно.

Да не беше ова променето, не само што Америка никогаш немаше да потпиши, туку и Кина (како најголемиот светски загадувач) немаше да сака да потпиши нешто што не би го потпишале Американците.

Секако, како и секоја политичка одлука, ова не заврши со обична корекција на текстот. некои нации ова го доживеаја како сериозна промена и бараа повторно отворање на преговорите. Конкретно, Никарагва која се противеше на договорот, ова го виде како можност да успее во првичниот план и да ги прекине преговорите. Одеднаш, договорот беше на работ на распаѓање.

Спас во последниот момент

После тоа следеа итни интервенции од највисоко ниво - претседателот на Америка, Барак Обама и лидерот на Куба, Раул Кастро повикаа да се постигне договор преку телефонски разговори со претставниците на Никарагва за да ги наговорат да се откажат од својот план. Исто така, Кина со лобирање одигра значајна улога во убедување на нацијата да дозволи промена во последниот момент.

Притисокот успеа. Сите „shall“ зборови во договорот беа променети со „should“, текстот бил вратен на гласање и помина. Договорот конечно бил успешно прифатен со што беше избегната приказна за историски договор уништен и отфрлен поради еден збор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура