X
 13.01.2016 Образование

Најдобрите стипендии за студирање во САД

Секоја година, во САД се селат илјадници студенти од целиот свет за да ги започнат или продолжат своите студии таму. Постојат повеќе причини зошто би сакале да студирате таму: квалитетот на образованието, големиот избор на студиски програми, нова технологија, можности за истражување, флексибилност во програмите итн.


САД доделува и стипендии за странски студенти. Студентите од Македонија може да ги разгледаат овие опции:

„Fulbright“

Програмата за странски студенти е за студенти, млади професионалци и уметници од целиот свет кои сакаат да студираат и спроведуваат истражувања во САД. Секоја година, приближно 4.000 странски студенти се добитници на оваа стипендија.

Повеќе информации најдете ОВДЕ.

„Hubert H. Humphrey“

Програмата нуди грант за десетмесечен престој во САД. Добитниците на грантот се одбираат врз основа на нивниот потенцијал за водење и нивната посветеност на јавното добро.

Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.

Стипендии за „Columbia“


Колеџот доделува околу 20 стипендии и награди за најдобрите странски студенти. Наградите може да покријат дел или целата школарина.

Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.

Стипендии од „Clark“

Програмата за глобални академци од универзитетот ги наградува најдобрите средношколци од целиот свет и им доделува стипендии за почетокот на студиите на универзитетот.

Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.

Стипендии од универзитетот во Њујорк

Стипендиите се доделуваат на веќе примени студенти. Тие изнесуваат 36.000-70.000 долари.

Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.

Стипендии од Американскиот универзитет

Овие стипендии се делумни и се доделуваат врз основа на академските резултати, вештините за комуникација на англиски јазик, волонтирањето итн.

Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование