X
 13.01.2016 Култура

Зошто Северна Кореја е навистина чудна земја?

Кореја

1. Северна Кореја користи факс машини за да испраќа закани до Јужна Кореја.

2. Археолозите на Северна Кореја во 2012 година го објавија нивниот пронајдок - дувло на еднорог кој бил јаван од легендарниот крал Тонгминг пред 2.000 години.

3. На Северно-корејците им се дозволени само 28 видови на фризура. Секој што нема да го почитува ова може да оди во затвор.

4. Северна Кореја го има најголемиот стадион во светот со 150.000 седишта.

5. Во 1974 година Ким Ил-Сунг зел 1.000 автомобили марка „Volvo Sedan“ од Шведска и никогаш не платил за нив.

6. Вселенската агенција на Северна Кореја е наречена „НАДА“, што на шпански значи „ништо“.

7. Во 2013 година, претседателот на Северна Кореја го уби сопствениот вујко фрлајќи го гол во кафез со 120 изгладнети кучиња.

8. Во Северна Кореја само владините официјални лица и војската може да поседуваат моторни возила.

9. Основачот на Северна Кореја, Ким Ил-Сунг бил роден на денот кога потонал Титаник.

10. Во Северна Кореја луѓето не прославуваат родендени на 8 јули и 17 декември бидејќи тоа се датумите кога починале Ким Ил-Сунг и Ким Џонг-Ил.

11. Според учебник во Северна Кореја, Ким Џонг Ун научил да вози на 3 годишна возраст.

12. Куба беше фатена како и` испраќа оружје на Северна Кореја во 2013 година.

13. Северна Кореја има свој оперативен систем наречен „Red Star OS“.

14. 20 години поред најголемиот хотел во светот беше празна пирамида на 105 спрата во Пјонгјанг.

15. Од 1990 година 12.710 луѓе емигрирале во Северна кореја.

16. Во 1950-тите, Северна Кореја го изгради Киџонг-Донг, убаво гратче кое се гледало од границата, за да ги охрабри Јужно-корејците да ја посетат оваа земја. Всушност, гратчето е празно.

17. Нелегално е да носите фармерки во Северна Кореја.

18. Северна Кореја е едниствената некрократија во светот: влада која се`уште функционира според правилата на поранешен, мртов лидер.

19. Северно-корејците го гледаа Светското фудбалско првенство со задоцнување од 24 часа.

20. Северна Кореја им 51 социјална категорија рангирана според нивната лојалност на режимот.

21. Во имзинативе 60 години, над 23.000 Северно-корејци се избегале во Јужна Кореја. Само двајца Јужно-корејци се преселиле во Северна Кореја.

22. Северна Кореја ги испраќа работниците од логорите за принудна работа да работат во Сибир.

23. Од 2009 година Северна Кореја повеќе не е комунистичка држава, туку нејзината идеологија се вика „Juche“.

24. Во 1953 година Северно-корејски војник пилот избегал во Јужна Кореја со неговиот Mig-15 и бил награден со 100.000 долари од Америка.

25. Американски војник избегал преку границата во Северна Кореја во 1962 година и од тогаш тој се`уште живее таму.

26. Северна Кореја е единствената земја која моментално има заробено американски воен брод.

27. На секои 5 години се одржуваат избори во Северна Кореја. На гласачките ливчиња има само еден кандидат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура