X
 14.01.2016 Живот

Доделен е вториот VW Passat од инстант лозот среќни тркала

Денес,  во Битола пред среќното место ВАГАБОНТ, Марјана Станојковска ги врачи клучевите на вториот од седумте автомобили   VW PASSAT, главната премија од инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА.



Овој прекрасен автомобил ќе го вози среќниот добитник Сабри Дурмиш, кој е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Сабри службено често патува низ Македонија, а како што рече, во градот на среќата - Битола, не пропушта а да не купи лозови од продажното место Вагабонд на Широк сокак. Сабри ни се довери дека кога оди во Битола, колегите му порачуваат да им уплати и НовоЛото 7/34. Вербата во среќата и среќното место Вагабонд во Битола, го награди Сабри со добивка автомобил Пасат кој му беше доделен токму на Василица. Нашиот најнов член на добитниците на премии од инстант лотаријата, пред три години добил 6ка на НовоЛото 7/34, од кога  станал постојан и верен играч и на инстант лотарија  и од тогаш каде и да патува низ Македонија, не пропушта да посети некое од среќните места и да купи лозови. Сабри го дочека токму тој ден кога на лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА ги изгреба четирите автомобилски тркала,  па од сега ќе вози нов автомобил  VW PASSAT.

Само за потсетување овој најнов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија , беше пуштен во продажба на 24.10.2015 година и чини само 50 денари . Главната премија се седум автомобили VW PASSAT , a во себе крие и уште вредни парични добивки .

По примерот на нашиот најнов добитник, ви порачуваме да играте инстант лотарија и да верувате во својата среќа.

ЗА  ДОБРО !
Државна лотарија на Македонија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот