X
 14.01.2016 Култура

Како функционирало прогласувањето на првите номинации за Оскар?

oskari

 

Објавувањето на овогодинешните номинации за Оскар што ќе се случи денес е исто толку возбудливо колку и доделувањето на Оскарите. Меѓутоа, не секогаш било така.


Како што е објаснето од Роберт Озборн на неговата официјална историја за наградите, седум луѓе биле во Комитетот посветен на давање на наградите, а до средината на 1928 година тие одлучиле да дадат 12 награди. На членовите на Академијата им биле дадена листа со подобни филмови од која тие правеле номинации.

Во секоја од категориите, десет од индивидуалците или филмовите кои добиле најмногу гласови за номинирање, станувале дел од суштинската листа на номинирани. Меѓутоа овие листи не биле објавени во јавноста. Наместо тоа, листите поминувале низ пет одделни комитети. Комитетите ја стеснувале секоја група сведувајќи ја на една кратка листа од три кандидати. Од таа група, Централниот одбор на судии - составен од актер, режисер, продуцент, писател и техничар ги избирале победниците. Поминала половина година пред победниците да бидат објавени во февруари 1929 година, а уште неколку месеци пред да се случи банкетот тој мај.

Денес, членовите кои имаат право на глас од Академијата, добиваат листа од 32 страни со филмови кои имаат шанси за награда. Гласањето за номинациите се случува неделата после Нова година, а за повеќето категории е одлучено од страна на членовите на релевантната гранка (режисерите избираат режисери на пример).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура