X
 14.01.2016 Култура

Леонардо ди Каприо сметан за бездомник за време на снимањето на "The Revenant"

За да се добие изгледот на Леонардо ди Каприо во „The revenant“ биле потребни пет часа. Не е чудо што тој и останатите актери по грешка биле сметани за бездомници.


Познатиот актер во филмот ја игра улогата на Хју Глас, кој е нападнат од мечка и оставен во дивината. Тој морал да порасне голема брада за улогата. Оваа брада била причината поради која тој, заедно со другите актери, честопати биле поканети на пиво од локалните бездомници секогаш кога излегувале по снимањето во Канада.

„Кога одевме во градот имаше многу бездомници кои нè гледаа како пријатели и ни нудеа пиво и слично и ние разговаравме со нив“, се сеќава Леонардо во неговиот разговор со Елен Деџенерис.

И покрај брадата, 41-годишниот актер открива дека поминувал пет часа на столчето за шминкање за неговиот напад од мечка да изгледа реален пред камерата.

Конечно, тој бил среќен што може да се ослободи од брадата по снимањето.

„Мислам дека нема да имам таква брада повторно, освен доколку не е за улога, но тешка е за одржување“, изјави актерот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура