X
 15.01.2016 Технологија

Јазичните бариери веќе не се проблем за сите корисници на Skype


„Skype“ за „Windows“ моментално поддржува инстантен превоз во седум јазици. Корисниците на „Windows“ ќе може да разбираат седум различни јазици отсега.

Новата технологија на „Microsoft“ сега е достапна за сите откако ја помина тест фазата. Со оваа опција, може да се преведува говор од јазици додека се зборува.

Апликацијата моментално поддржува преводи во англиски, кинески, француски, германски, италијански, португалски и шпански.

Од платформата велат дека се работи на повеќе јазици и наскоро може да очекуваме преводи од над 50 јазици. Корисниците може да започнат со превод со притискање на едно копче во облик на Земјата во апликацијата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија