X
 17.01.2016 Технологија

Најпредизвикувачките професии за вработување

Побарувачката за технолошки професионалци станува се` повисока, особено во специјализирани области како што се безбедноста, мобилниот развој и девелопери. Веб страната „Dice“ на работодавците им направи анкета во која тие ги именуваат најпредизвикувачките таленти за 2016 година.

 

vrabotuvanje


1. Девелопер на софтвери

Девелоперите се одговорни за градење, тестирање и мапирање на софтвер. Тоа значи пишување и одржување на кодови во текот на животниот циклус на софтверот, вклучувајќи и надградби. Девелоперите исто така мораат да пронајдат и да утврдат било какви грешки - процес кој одзема многу време.

Но, која е разликата меѓу типичен девелопер и одличен девелопер? Оние кои не се плашат да научат, оние кои ја управуваат својата кариера агресивно и ефикасно го распоредуваат своето време, имаат добра шанса да се издвојат од останатите.

2. Java професионалци

Како што самото име сугерира, овие професии вклучуваат развој на код преку програмскиот јазик Java; исто така, ова беше најдобриот јазик за програмирање за 2016 година.

3. Безбедност

Нарушувањата на безбедноста во изминатите неколку години предизвика побарувачка на професионалци за безбедноста кои можат да откријат и да елиминираат слабости во рамките на IT инфраструктурата. Оваа побарувачка им ги отежна работите на работодавците па им е тешко да пронајдат искусни професионалци за безбедност кои не се веќе вработени.

4. .NET

Развиена од Microsoft, .NET е рамка со голема библиотека која е корисна за се` - од база на податоци, криптографија, па се` до развивање на веб апликации и мрежни комуникации. Во текот на годините се дебатира за .NET како платформа, но нејзината поврзаност со Windows има обезбедено широк спектар на корисници.

5. Софтверски инженер

Дизајн, развивање и одржување на софтвер - иако многу луѓе ги користат термините „девелопер“ и „инженер“ како да се исти, сепак тие се сосема различни. „Инженерство“ обично означува создавање на еден комплексен систем од прототипови до производство и тестирање, додека „развивање“ или „програмирање“ може да обезбеди од градење на подобар систем до формирање на компонентата на индивидуална апликација.

6. Мобилни

Секој се чини дека има мобилна апликација во својот паметен телефон. Додека постојат голем број технолошки експерти со способност за мобилен развој, брзиот раст на паметни телефони обезбедува континуирана побарувачка на искусни професионалци, особено ако имаат вештини за iOS и Google Android.

7. DevOps


Овие професионалци соработуваат со девелоперите и друите групи, и најчесто колективно работата за изградба на мапа на одреден софтвер. Теоретски, силното присуство на DevOps помага во забрзување на развивањето.

8. Big Data

Количината на податоци кои се чуваат во базата на податоци на компаниите експлодира во изминатите неколку години. Иако Apache Hadoop привлече доста медиумско внимание, компаниите бавно ја усвојуваат оваа платформа. Според аналитичарите, секој кој е заинтересиран за Big Data како кариера, треба да развие знаење за аналитички софтверски плаформи.

9. Администратор за база на податоци

Администраторите за база на податоци се`уште се барана професија, и покрај порастот на софтвер кој автоматски ги извршува задачите на овие администратори. Овие администратори се задолжени за се`, од оптимизирање на софтвер, до пронаоѓање на најдобар начин за управување складирање на информациите на компанијата. Познавање на таканаречени cloud-based платформи е од суштинско значење за оваа професија.

10. Софтверски архитект

Софтверските архитекти не се задолжени само за градење на премисите на софтверот. Професијата стана покомплексна во текот на изминативе неколку години со зголемувањето на присутноста на облакот, што значи дека архитектот има многу повеќе задачи. Иако професијата не е нова, сепак таа се развива многу брзо, со фокус на аспектите како што се системска фигурација и софтверско распоредување. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија