X
 19.01.2016 Живот

Што научив кога започнав да ги фалам моите деца само за она што го заслужиле?

Постојат многу причини зошто родителството е тешко, но која работа го прави потешко? Правилата и советите за тоа како најдобро да ги воспитате вашите деца, постојано се менуваат. Некогаш одамна, децата малку биле удирани, не биле врзувани со појаси во автомобилите и се` било во ред.

 

деца


Тогаш се делеа трофеи за се` можно и ничии чувства не беа повредени. За родителите денес треба да има малку поинаква порака: можеби треба да попуштат малку со сите достигнувања. И да, можеби не би требало толку да ги фалите вашите деца.

Многу од нас, беа пораснати од родители кои ни кажуваа дека сме талентирани и специјални.  Бевме доволно среќни да можеме да учествуваме во сите активности кои не` интересираат, ни помагаа да се запишеме на добар факултет, за да имаме подобар и полесен живот. Добивме многу работи кои нашите родители не можеле ни да замислат. Но сега кога пораснавме? Се чини дека сето тоа и не била баш најдобра идеја.

Немојте да ме сфатите погрешно, критиката дека сме мрзеливи и дека прилично во ништо не се снаоѓаме е пренапумпана и малку нефер. Но откако и сама станав родител, не можам а да не се запраша дали постои подобар, побалансиран начин да го воспитам моето дете. Сакам моет одете да биде самоуверено, но исто така сакам да биде и еластично, за подобро да го прифати светот во кое порасна, а за кој веќе знаеме дека е доста тежок и неправеден и тотален хаос. (Дали нашите родители се срамеле кога малку ќе се поправеле, бидејќи медиумите од сите страни им презентирале идеален модел на изглед? Сигурно дека не).

Што ние всушност можеме да направиме да им помогнеме на нашите деца - нешто кое е во согласност со она што го вели науката? Постојат многу статии во последниве неколку години кои зборуваат за тоа што се случува кога премногу ги фалиме децата, а заклучокот е: премногу пофалби се стрени, а исто така и нејасното фалење. Не само што треба да престанеме со речениците како: „Одлична работа!“, „Толку си паметен/на!“, туку и треба да даваме комплименти кои навистина имаат некакво значење, и кои се поконкретни, како: „Навистина ми се допадна тоа што не се откажа!“, или „Навистина си се потрудил/а!“.

Како што вели професор д-р Керол Двек, од Стенфорд универзитетот, која ја проучува само-мотивацијата и формите на однесувањето, генералните правила „Tолку си талентиран/а!“ всушност го ограничуваат развојот на детето, правејќи да се плаши од неуспех. Од друга страна, конкретните пофалби ги тераат децата да се трудат повеќе во она што им оди и ги охрабрува.

Експеримент

Јас лично бев дете на кое постојано му се зборуваше дека е талентирано, а и пред тоа бев навистина успешна. Сепак, се трудев да не ги фалам премногу сопствените деца. А повторно ми излегуваат од уста работи како „Одлично го направи тоа’.

Сепак, решив да се придржувам кон советот на Двек, барем седум дена. Сакав да се фокусирам на тоа да не ги фалам моите тригодишни близнаци или барем не на начин на кој ним би им бил корисен, и решив да видам што се случува кога теоријата ќе се спроведе во пракса.

Вежбањето не` прави совршени


Моите близнаци, иако родени со разлика од само 20 минути, се доста различни како личности. Меди е доста зборелста и забавна, но и` е потребно повеќе време да се навикне на нови луѓе. Реид е сериозен и не зборува многу, но е шармантен кон новите луѓе, силен е и активен. Тој сака да трча, секаде да се качува и е доста темпераментен, додека Меди знае да биде несмасна и не се чувствува секогаш самоуверено во потезите како нејзиниот брак. Такашто, кога таа одлучи да се занимава со бејзбол, а знаев дека тоа нема да и` оди многу, беше совршен момент да ги применам советите за конкретните пофалби.

На почетокот навистина имаше доста проблеми. Не можеше убаво да ја удира топката, голем дел од нејзините удари завршуваа позади неа, а кога ќе успееше да ја фрли топката пред себе, вештините на фаќање не и` беа најдобри. Но беше голем ентузијаст. Ако некој не е талентиран тоа не значи дека не треба да се труди и да ужива во процесот на учење. Такашто доста време поминувавме играјќи со неа.

Иако сакав да навивам за неа, се трудев да не го правам тоа секој пат кога таа немаше да успее. Она што и Д-р Двек го кажа беше дека не треба да го наградуваме секој нивен обид, бидејќи ќе бидат збунети кога ќе промашат, а ние ги фалиме, иако ќе помислиме дека тоа е добро за нивната самодоверба. Но, не е. Наместо тоа, секој пат кога таа ќе ја удреше топката, јас и` велев: „Браво, успеа да ја удриш топката“. Меделин го обожаваше овој комплимент и секој пат кога ќе успееше ми велеше: „Види мама, успеав!“.

Како што неделата поминуваше, таа напредуваше, што беше вистинско изненадување за мене. Таа успеваше да ја погоди топкта, да ми ја фрли право и убаво, а имаше и нови начини за фаќање. Секој пат кога игравме, зборувавме за тоа колку напредува и и` кажав дека сум среќна што се труди и што е толку упорна. Бев изненадена колку таа уживаше во сето тоа, и како не и` пречеше тоа што некогаш промашуваше. Некаде на половина од неделата самата себеси си повторуваше дека ќе продолжи да се обидува кога нема да и` оди. И јас постојано и` повторував да продолжи да се обидува, затоа што така ќе биде се` подобра и подобра.

Како дете никогаш не сум била спортист, го мразев спортот, бидејќи беше нешто што не ми одеше. Знаев дека една недела фрлање и фаќање нема да го промени животот на Меделин, но беше позитивно и забавно искуство и за двете, а навистина сметам дека техниката на давање пофалби вроди плод. Таа не беше фрустрирана кога ќе промашеше, но уште поважно, не беше убедена дека е суперталентирана за нешто што навистина не е.

(Не)трпелив

Мојот син пак е доста деструктивен. Ненамерно, но деструктивен. Тој е една од причините зошто дома немаме убави работи или зошто поголемиот дел од овие работи се скршени. Но колку и да ги крши работите, тој ужива да ги поправа.

Имаме неколку дрвени маси од IKEA за деца, кои ги користиме за различни намени. Не помина долго време кога тие започнаа да се распаѓаат. Без разлика на тоа колку пати ќе го вратев горниот дел од масата, мојот син ќе го преместеше, а потоа повторно ќе го наместеше.

Забележав дека тој се` повеќе се откажуваше кога му беше тешко масата повторно да ја намести. Беше фрустриран и велеше: „Мама, поправи го!“ - ова беше нешто на кое навистина сакав да поработам. Знам дека трпението е нешто на кое човек треба да работи, и најдобро е да се започне со вежбите сега кога е мал.

Одлучив да ја однесам во собата, намерно да ја расклопам масата, а потоа го викнав и го прашав дали може да ми помогне повторно да ја наместа. Веднаш дојде да ми помогне, но после кратко време, тој застана и започна да гледа во подот. Јас се обидов да останам смирена и да го охрабрам. „А да пробаше на некој различен начин да го свртиш тој дел и да го наместиш? Ајде, обиди се повторно...“

Тој се обиде и успеа, секако со моја помош, ама нема врска. „Браво, продолжи да се обидуваш и успеа. Можеше да се откажеш, но не се откажа!“

Беше толку среќен, па му донесов друга маса и го замолив повторно да ми помогне да ја наместам: „Навистина би ми биле потребни твојата помош и трпение“.

Беше возбуден да започне повторно, а јас се обидував да не му помагам. Штом ќе имаше потешкотии, бараше помош. Но, јас му реков: „Мислам дека можеш сам. Се сеќаваш како пред малку ова го намести?“ Малку се помачи но успеа, и беше пресреќен поради тоа.

Навистина сфатив дека е важно да сте конкретни, и кога ги насочувате вашите деца на вистинскиот начин. Може да потрае но така се учи трпение - да не се откажуваме лесно од работите кои не ни одат.

Обрнете внимание


Кога започнав со овој експеримент, се обидував да се сетам на ситуациите во кои лесно ги фалев, и сфатив дека воглавно тоа се случува низ игра, и кога не обрнуваме многу внимание (знам, звучи ужасно, но играњето со деца е толку досадно). Тогаш се обидов овој експеримент да го применам и за време на играта.

Меделин сака цртање, и и` давам да црта кога обично морам да завршам со некоја обврска, на пример да приготвам вечера. Но овој пат седнав покрај неа и учествував во тоа што го работи, а тоа неа и` беше прилично интересно.

Како возрасна личност, ја користев логиката при боењето (дрвото е зелено, небото е сино), а таа како и секое дете, ги користеше сите бои за сите работи во боенката. И сето тоа изгледаше прилично магично.

„Види мамо!“, се пофали штом заврши. И` реков дека ми се допаѓа начинот на кој таа ги искористи боите, а таа се согласи со тоа.

Подоцна ги заменивме цртежите и секоја доцрта нешто друго на цртежот. И` реков дека тоа е одлична тимска работа, наместо: „Супер е!“

Дали реченицата  „Толку си паметен“ е толку лоша?

Една недела експеримент не може да каже колку направив за самодовербата на моите деца, но го променив начинот на кој ги фалам и сега навистина обрнува внимание, во однос на тоа што правам. Не можеме да го правиме тоа 24 часа во неделата и родителите се човечки суштества и понекогаш го велат она што им е најлесно. Исто така, знам дека и јас некогаш повторно ќе им дадам „празни“ комплименти. Но, видов каква е разликата, и не сакам моите деца да мислат дека се само одлични бидејќи мама така вели.

Мислам дека сите треба да се потрудиме околу оваа работа. Секој го прави најдобро она што умее да го прави и нормално е некогаш да не го направиме како што треба.

Едно е сигурно, ако ништо друго, овој експеримент покажува дека оваа недела навистина им посветив многу внимание на моите деца. А тоа е добра работа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот