X
 22.01.2016 Образование

Македонските студенти се придружија на ЕУРОИЈАДА - најголемото европско студентско натпреварувње

По покана од страна на тимот на Еуроијада од Р. Србија, Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет Велес се приклучи како партнер во организацијата на големиот Европски проект - EUROIJADA, кој се аплицира во рамките на програмата Erasmus plus. Таа привелегија ја имаат само 12 организации во Европа. Преку Студентскиот Парламент при ТТФ, Велес ќе стане дел од Европски проект заедно со организации од Берлин, Вилнус, Торино, Букурешт, Бејрут, Тбилиси, Анталија.



Студентскиот Парламент при ТТФ Велес склучи меморандум за соработка со студентски организации од Република Србија и за прв пат добивме покана да бидеме дел од европските студентски натпревари – ЕУРОИЈАДА. Благодарение на одличната комуникација и соработка нашата организација е партнер во рамки на проектот кој се аплицира во рамки на програмата Erasmus plus – изјави Александар Савески Претседател на Студентски Парламент при ТТФ Велес.

Ангажманот на Студентската организација од Велес го заслужи ЕУ „PIC“ бројот за големи проекти. Сигурен сум дека оваа организација лесно ќе се вклопи во организација на најголемиот спортски настан – ЕУРОИЈАДА и ќе допринесе за уште поголем развој на овие натпревари -  изјави Немања Бркљача – Euroijada project manager


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование