X
 26.01.2016 Култура

150 млади професионалци и талентирани студенти од САД со свој концерт во Скопје... Влезот е бесплатен!



На 29 Јануари 2016 година, со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ), симфонискиот оркестар и џез бендот при Густавус Адолфус Колеџот од САД во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) организираат концерт на класична и џез музика.

На 29 јануари 2016 година, синфонискиот оркестар и џез бендот при Густавус Адолфус Колеџот од САД во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) организираат концерт на класична и џез музика.

Настапот ќе биде дел од турнејата на симфонискиот оркестар со наслов: „American Celebration of Music in Greece and Macedonia”. Притоа, тие ќе имаат можност да ја осознаат македонската култура и обичаи, но воедно и да ја доближат американската музика до македонската публика.

Македонската публика ќе има чест да присуствува на настапот на 150 млади професионалци и талентирани студенти на различни факултети при Густавус Адолфус Колеџот. Покрај своите студии во различни подрачја, тие се исто така дел и од музичката програма на колеџот, каде што имаат можност да ја градат својата професионална кариера во симфонискиот оркестар, џез бендот, хорот и други музички секции.

Повеќе од една третина од вкупниот број на студенти на овој колеџ учествуваат во музичката програма. Тие велат: „Заедничкото создавање музика заедно е обележје на нашата заедница“. Тимот на Универзитет Американ Колеџ Скопје има огромна чест и задоволство што ќе има можност да ја промовира македонската музика и традиција и воедно да овозможи поставување на мост на културата меѓу Македонија и САД.

Влезот на концертот е слободен.

Поради ограничениот број на места во салата, Ве молиме направете резервација на места на следната е-пошта: networking@uacs.edu.mk или на телефонскиот број: 02/ 2463 156.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура