X
 27.01.2016 Живот

Бизнис кафе Македонија по 14-ти пат... Не пропуштајте!

На 04.02.2016 г. во Launge bar "Every day" од 18:00 часот ќе се одржи 14-тото по ред Бизнис кафе Македонија!



Гости на настанот ќе бидат: Г- динот Горан Антевски генерален менаџер на Раде Кончар ТЕП, Магистер по машински науки, кој своето работно искуство го гради низ повеќе позиции во Раде Кончар. Горан Антевски веќе 6 години е Претседател на Јапонско – Македонската Асоцијација АОТС. Од ноември 2015 година е избран за Претседател на Македонско – полскиот бизнис клуб. За своето работење е добитник на повеќе награди. Г-ѓа Елизабета Планинич, жена претприемач во Хрватска на два бизнис бренда Туристичка агенција специјализирана за корпоративни рапување „Putujbolje.com“ и првиот единствен сервис за одржување на гробови кој ја покрива цела Хрватска „Čuvar Sjećanja“.

Проект кој влезе помеѓу првите 20 проекти од целиот свет за да учествува на престижниот саем Next Generation, Саем на франшизи во САД и Г- динот Петар Ниновски млад претприемач, ментор на млади стартапи и дел од македонската стартап сцена. Основач и извршен директор на Brainster, компаија која за само неколку месеци успеа да стане една од најпрепознатливите во регионот. Следен чекор на Петар е интернационален раст на компанијата која во блиска иднина ќе биде присутна во неколку држави во Европа. Интересно за Петар е тоа што ја напушти неговата работа во голема интернационална компанија за целосно да се посвети на градењето на бизнисот. Можете слободно да го контактирате на https://mk.linkedin.com/in/ninovski

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе,вода, или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Влезниците по цена од 300 денари може да се купат онлајн на Купи карти за се: www.kupikartizase.com

или за фирми на фактура: пратете инфо mail за број на гости на: katerina@mkbizniskafe.com

На линковите можете да погледнете како поминаа досегашните настани:

https://www.facebook.com/mkbizniskafe/photos_stream?tab=photos_albums

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот