X
 30.01.2016 Култура

Видео кое ќе ве натера да ги спакувате куферите и да се преселите во Шведска

16 месеци татковско отсуство, дарежливи финансирања за истражување во областа на технологијата и зелената енергија... Чудно е што досега не сме се преселиле во Шведска.

 

svedska


Заедно со неверојатните снимки од пејзажите во Шведска, видеото „This is Sweden“ ни ја покажува уметноста на шведското живеење, промовирајќи ги семејните вредности и разновидноста.

Преведено на 19 јазици, краткото видео има за цел да допре до потенцијалните туристи насекаде низ светот. Користејќи го хаштагот #ThisIsSwedish, скандинавскиот рај се чини дека ја шири својата стратегија до целиот свет на социјалните медиуми.

Единственото нешто што ни остана да го направиме е да ги спакуваме куферите, и правец - Шведска!

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура