X
 31.01.2016 Наука

ТЕДx конференциите и науката во нив - Лагата во која сe` уште веруваме

За пошироката јавност, нема никаква разлика помеѓу конференција на TED и TEDx. Се работи за конференции на кои се повикуваат говорници кои се сметаат за експерти во својата област. Овие експерти претставуваат истражувања, откритија или поинакви погледи на ситуации кои се земени здраво за готово во денешниот свет со цел да го споделат своето знаење и да ја прошират свеста кај публиката.


Но, иако целите на двете видови конференции се исти, начинот на спроведување е различен. Имено, TEDx се конференции одржувани од организации ширум светот кои добиле лиценца од TED. И додека на конференциите на TED, експертите се одбираат критички и одговараат за своите говори пред самата публика, во случајот на TEDx досега се реагирало повеќепати на компетентноста на говорниците.

The Verge“ пишувале за проблемот уште во 2012 година, кога TED испратиле порака до сите организатори на TEDx за псевдонауката и „научните факти“ претставувани на конференциите, за кои се изгубило контрола, според нив.

„Ваша цел е, пред да ангажирате говорник, да го проверите и да одбивате лоша наука, псевдонаука и измами“, пишувало во писмото. Следната година, Бенџамин Братон говорел за проблемот со конференциите на TEDx, поточно за предвидувањата кои се направени на конференциите. Тој ги праша присутните на TEDx колку од иднината предвидена од говорниците, всушност, се исполнила досега? Потоа, тој продолжува да ги анализира говорите на конференциите и самите цели на TED. Неговиот говор погледнете го во продолжение.



Кент Серковиц од „The Daily Beast“, пак, овие конференции ги напаѓа бидејќи „не ја слават љубовта кон паметните, туку љубовта кон оние кои изгледаат паметно“.

Македонски доктор кој живее во САД, а посака да остане анонимен, ни кажува дека интелектуалците во САД го препознаваат овој проблем, но тој се чини дека е невидлив за луѓето кај нас. Тој ни посочи и кон разликата помеѓу TED, непрофитна фирма во сопственост на непрофитна фондација; TEDMed, приватна профитна фирма што работи со лиценца од TED, но е независна и TEDx настаните, кои се независни.

Медицинските трудови се премногу комплицирани за пошироката публика, па од организациите кои работат на конференциите бараат поедноставување на истите за презентациите да бидат разбирливи од секој обичен човек. Споредбата помеѓу вистинска научна конференција и ТЕД-конференција е смешна за секој научник таму, а постои став дека TED е „монструозност што ги претвора научниците и мислителите во забавувачи од ниско ниво, како циркузанти“.

Иако самата организација TED пишувала за овој проблем на својата интернет-страница, се чини дека ништо не се менува и конференциите TEDx продолжуваат да се организираат насекаде низ светот бидејќи организациите имаат лиценца за тоа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука