X
 03.02.2016 Култура

Дебата: Актуелните предизвици на процесот на иселување на високообразовани млади луѓе од Република Македонија

Во четврток (4.02.2016) ќе се одржи дебата на тема „Актуелните предизвици на процесот на иселување на високообразовани млади луѓе од Република Македонија“.


Дебатата е организирана од страна на Здружението за граѓански и младински политики Центар за Европски Иницијативи - Скопје.

Центарот за Европски Иницијативи (ЦЕИ) претставува организација чијашто мисија е промоција на европските вредности преку поттикнување на граѓаните, а особено на младите, да придонесат кон унапредување на граѓанското општество, демократијата, владеењето на правото и човековите права, кое нешто цели да го оствари преку разни активности во таа насока.

Целта на дебатата е поттикната од трендот за иселување на младото население од државата во последните години, кое постојано се зголемува.

На дебатата ќе учествуваат претставници од: Агенцијата за вработување на Р. Македонија; проф. д-р Аница Драговиќ – продекан на Филозофскиот Факултет, чија специјалност се демографските промени и движења; проф д-р Диана Белевска - др.сци. клинички психолог; претставник од бизнис секторот - една од најуспешните комапнии во Македонија кои инвестираат во млади и имаат младински програми.

Учесниците од своја страна ќе го анализираат проблемот за одлевање млади мозоци од Македонија.

Настанот ќе се одржи во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), во големиот амфитеатар, со почеток од 9:30 часот. 


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура