X
 03.02.2016 Живот

Формула за пресметување на вредноста на човекот


Тешко е да се пресмета вредноста на човекот, но доколку некој успее во таа задача, тоа дефинитивно е познатиот математичар и татко на алгебрата, Ел-Хорезми.

Мухамед ел-Хорезми е персиски математичар, географ и астроном на кој му се препишуваат воведувањата на арапските бројки во математиката. Тој живеел во далечниот VIII и IX век. Ел-Хорезми создал равенка за пресметување на вредноста на човекот.

Според неа:

- Ако човекот е чесен и морален - 1.

- Ако е шармантен, му додаваме нула - значи, 10.

- Ако е богат, му додаваме уште една нула - 100.

- Ако е благородник, му додаваме уште една нула - 1000.

- Ако вредноста на моралот (1) на човекот исчезне, остануваат само нулите, кои се безвредни.

Парите не вредат ништо доколку може да одат со спуштена глава.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот