X
 06.02.2016 Образование

Марија Монтесори: Ако сте искрени со своето дете, тоа ќе научи што значи праведноста

Марија Монтесори била голем педагог и многу помогнала во менување на ставот во воспитувањето на децата во 20-от век. Позната е по тоа што формулирала кратки, но впечатливи заповеди за родителите. Тие се едноставни, но полни со мудрост. Следуваат некои од најдобрите.


1. Децата учат од она што ги опкружува.

2. Ако детето често го караме, тоа учи како да ги осудува другите.

3. Ако детето често го фалиме, тоа учи како да ги цени другите.

4. Ако кон детето покажуваме непријателство, ќе научи да се тепа.

5. Ако сте искрени со своето дете, тоа ќе научи што значи праведноста.

6. Ако на детето често му се исмевате, тоа станува срамежливо.

7. Ако детето се чувствува сигурно, тоа учи да им верува на луѓето.

8. Ако на детето пречесто му велиме „Срам да ти е“, тоа ќе научи секогаш да се чувствува виновно.

9. Ако детето често се охрабрува, тоа ќе има голема самодоверба.

10. Ако на детето му пружите поддршка, тоа ќе биде самоуверено.


11. Ако детето живее во пријателско опкружување и чувствува дека им треба на другите, ќе научи да најде љубов.

12. Никогаш не зборувајте лошо за детето, во или без негово присуство.

13. Концентрирајте се на тоа да развивате чувство за добро во своето дете. Така нема да има место за лошо.

14. Секогаш сослушајте и одговорете на детското прашање или молба доколку тоа ви се обрати.

15. Почитувајте го детето дури и кога ќе направи грешка. Така многу бргу ќе може да ја поправи грешката.

16. Секогаш бидете подготвени да му помогнете на детето на кое му е потребна помош и да се повлечете на страна кога гледате дека се снаоѓа.

17. Помогнете му на детето рано да владее со работите. Тоа ќе го постигнете така што ќе се погрижите светот околу него да биде исполнет со позитивност, мир и љубов.

18. Секогаш однесувајте се убаво пред детето. Покажете му како да стане најдобра личност што може да биде.

19. Почитувајте го детето кое одмора, набљудува активности на други деца или размислува за нешто што направило. Не му се обраќајте, ниту принудувате на нешто друго тогаш.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование