X
 07.02.2016 Живот

Словенија со генијална идеја за спречување на несреќи од возач во алкохолизирана состојба

Со измените во Законот за безбедност во сообраќајот во Словенија уште оваа година е предвидено вградување електронски направи кои го блокираат вклучувањето на моторот доколку возачот во организмот има недозволено количество алкохол, најави словенскиот министер за сообраќај Петер Гашпершиќ.


Министерот изјави дека со измените ќе се намалат сообраќајните несреќи кои се предизвикани од консумацијата на алкохол. Измените на законот беа претставени на семинар во Љубљана, каде биле и демонстрирани направи таканаречени „алкохолни брави“.

За време на демонстрацијата било покажано палење на моторот дури откако возачот „поминал“ на алкотестот и покажал дека не е во алкохолизирана состојба. На пазарот наскоро ќе има повеќе такви системи.

Засега, законот дозволува вградување на „алкохолни брави“ во седум европски земји, а истото веќе се спроведува во Шведска, Велика Британија, Холандија и Финска. Интересно, токму во тие земји се смета дека возењето е најбезбедно, според некои истражувања.

Засега, користењето на таквата контрола на возење е предвидена само за возачи кои порано биле обвинети за возење во алкохолизирана состојба во Словенија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот