X
 08.02.2016 Култура

Најлудите митови за Адолф Хитлер

Малку личности предизвикуваат толкаво внимание како Хитлер. Така, не е чудно што за него постојат многу митови, теории на заговор и измислици.


Познато е дека водачот на Нацистите бил еден од најстрашните диктатори на сите времиња кој имал погрешна слика за начинот на кој би требало да изгледа светот. Со оглед на тоа, тој бил подготвен на сè. Но, постојат многу приказни за него кои не се точни, како следниве.

1. Бил во потрага по Светиот грал


Според некои теории, Хитлер бил во тајна потрага по Светиот грал. Имено, тој ги испратил своите војници во потрага по плоча за која мислел дека ја крие мапата до гралот. Светиот грал се смета за извор на натприродни моќи, па многумина сметаат дека со помош на него Хитлер сакал да стане бесмртен.

2. Поседувал вселенски брод

3. Имал колонија во вселената

4. Не се самоубил туку избегал

Најчесто се споменува дека избегал во Аргентина, кадешто живеел заедно со црна жена, а наводно постои и фотографија од неговото тело која била направена откако починал од старост.

5. Бил Евреин

Не се знае кој му бил дедо на Хитлер, а со оглед на тоа дека неговата баба работела кај богат Евреин, постои теорија дека таа останала бремена додека работела таму.

6. Бил зависен од амфетамин

Одредени теории тврдат дека бил зависник од амфетамин бидејќи бил насилник и полн со омраза, а за тоа постојат и потенцијални докази.

7. Бил слеп

8. Верувал во алхемија

Можно е Хитлер да има одобрено проект кој бил заборавен од човештвото. Еден Нацист познавал научници кои тврделе дека може да претворат песок во злато, но не се знае колку Хитлер верувал во тоа.

9. Бил милијардер и Џејмс Бонд

Многумина мислат дека тој бил милијардер и дека одбивал да плаќа данок, а денес неговото богатство се наоѓа на непозната локација. Според други теории, Хитлер бил таен агент на британската разузнавачка служба.

10. Бил цел на атентат

Бил снимен и филм основан на теоријата според која постоел план за атентат врз Хитлер, кој, секако, пропаднал.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура