X
 11.02.2016 Образование

Англија во криза - Потребни се странски наставници за работа

Бројот на наставници кои ја напуштаат професијата се зголемил за 11% во текот на последните три години, додека владата продолжува со неуспешното вработување на наставници. Иако секоја година се троши 700 милиони фунти на тренинг за наставници, министерите не успеале да ги достигнат своите цели за вработување последните 4 години, известува „National audit office“.


Во извештај објавен неделава се покажува дека кризата за наставници се влошува. Најлошо е со изборните предмети. Имено, во 14 од 17 изборни предмети остануваат непополнети места за тренинг за годината 2015-16. Повеќето училишни часови од овие предмети се држат од наставници без соодветна квалификација во нивниот предмет.

Директорите на училиштата се обидуваат да најдат наставници со огласување и со нудење дополнителни бенефиции за наставниците, но бројот на кандидати е минимален. Најмалку наставници во Англија во моментов има по предметите: дизајн и технологии, религија, уметност, бизнис, сметање, физика, музичко образование и класично образование.

Училиштата започнаа со барање наставници од странство уште изминатата година, а се чини дека трендот ќе продолжи и оваа година, земајќи предвид дека недостатокот е поголем. Министерството за образование на Обединетото Кралство на официјална интернет-страница нуди информации за професијата во земјата и ги повикува странските наставници да се пријават. Посебно се потребни наставници или дипломци по физика, математика и јазици.

Според податоците на страницата, наставниците заработуваат 37.400 фунти годишно во просек, што изнесува приближно 48.000 евра. Повеќе за процесот на вработување и добивање виза за работа дознајте ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование