X
 11.02.2016 Наука

Стивен Хокинг: "Ова е неверојатно откритие!"



Откривањето на гравитационите бранови може да се нарече дека е откритие на векот. Научниците кои ги открија гравитационите бранови можат да се пофалат со едно од најголемите откритија во областа на физиката, а ова го потврдуваат и честитките кои доаѓаат од Стивен Хокинг до тимот на физичари.

„Честитки до LIGO тимот за нивното откритие на гравитационите бранови. Ова е резултат кој е исто толку важен колку и откритието на Хигсовиот бозон. Го вклучува и набљудувањето на гравитационите бранови и судирањето на две црни дупки и нивното спојување. Со зголемената чувствителност на LIGO, можеме да очекуваме подобрување на нашето знаење за тоа како функционира универзумот.

Овие експериментални набљудувања се во согласност со мојата теоретска работа на црни дупки во 1970-тите. Како теоретски физичар, мојот живот го посветив во придонесување за нашето разбирање за универзумот. Возбудливо е да се видат предвидувањата кои сум ги направил пред повеќе од 40 години, како што е областа за црните дупки и уникатните теореми кои сум ги набљудувал во мојот живот“, Стивен Хокинг

My congratulations to the LIGO team on their discovery of gravitational waves. It is a result that is at least as...

Posted by Stephen Hawking on Thursday, 11 February 2016

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука