X
 13.02.2016 Култура

Спилберг: Не верувам дека се крие расизам позади Оскарите

Откако Академијата на филмски уметности и науки се најде на удар на критики поради оскаорвските номинации за 88-то доделување на Оскарите, познатиот филмски режисер, продуцент и сценарист Стивен Спилберг изјавува дека не верува дека расизмот е присутен кога станува збор за доделувањето на овие престижни награди.

 

спилберг


Спилберг, кој три пати има освоено Оскар, во интервју за „The Hollywood Reporter“ ги коментира критиките упатени кон Академијата, односно кампањата #Oscarssowhite. Спилберг признава дека и самиот бил изненаден поради тоа што некои филмски остварувања воопшто не биле номинирани.

„Голем поборник сум на Оскарите. Можам да кажам дека бев изненаден кога видов дека некои филмки остварувања не добија номинации. Бев изненаден бидејќи меѓу номинациите не го видов Идрис Елба. Мислам дек Идрис имаше најдобра изведба кога станува збор за споредна машка улога“, вели Спилберг.

Сепак, тој смета дека неодамната историја треба да ја исклучи можноста за расизам како објаснување за овие пропусти. Според него, потребно е да се вратиме неколку години назад кога беше откриена глумицата Лупита Нионго, која го освои Оскарот за најдобра споредна улога во филмот „12 years a slave“.

„Не верувам дека постои вроден расизам поради одреден број на бели членови на академијата. Сметам дека треба да се престане со обвинување на Академијата“, вели Спилберг.

Веднаш после објавувањето на номинациите за 88-то доделување на Оскарите на Твитер се појави хаштагот #Oscarssowhite со кој луѓето го изразуваа своето негодување поради овогодинешните номинации за Оскар.

Холивудскиот актер  Џорџ Клуни претходно и` порача на Академијата дека се движи во погрешна насока, а актерот Вил Смит најави дека нема да биде присутен на доделувањето на Оскарите, неколку дена откако неговата сопруга Џејда Пинкет објави дека нема да биде дел од свечената церемонија.

Церемонијата на доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 28 февруари оваа година во Долби театарот во Лос Анџелес.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура