X
 15.02.2016 Култура

Најсаканиот градоначалник на свет: Не коалицирам со оние кои ги немаат гледано сите сезони на серијата "Wire"

Џон Гнар е поранешен градоначалник на Рејкјавик. Овој откачен политичар и комичар кој честопати е наречен и „најпозната личност од Исланд покрај Бјорк“, бил градоначалник на главниот град четири години. За време на неговиот мандат, тој ги доби симпатиите од целиот свет, најмногу порани неговата уникатност.


Своите први пари Гнар ги заработил како продавач, а пред да стане градоначалник возел такси и работел во автомобилска компанија. До него не се стигнува тешко, тој самиот одговара на електронската пошта и нема телохранители или секретари.

Неговиот татко бил уверен комунист. Гнар сакал стрипови за Индијанци и сакал кога ќе порасне да биде Индијанец. Меѓу другото, дознаваме и дека поранешниот градоначалник е луд по панкот, а особено му се допаѓа тоа што пејачот на Секс Пистолс е црвенокос, како и него. Училиштето не го сакал, а од сите предмети му одел само англискиот. Почесто од училиште престојувал во градската библиотека. На 14 години, родителите го испратиле во интернат за проблематични тинејџери, по што се откажал од училиштето. Тој го сака интернетот.

- Не сакам да бидам онаму кадешто нема интернет, тоа е како да сте пушач без цигари. Не ги разбирам луѓето кои велат дека тоа е добро. Не, нема ништо добро во тоа да не можете да се конектирате на интернет. Времето без интернет не е квалитетно поминато време, тоа е како да немате струја. Единствената работа која ја мразам повеќе од тоа да нема сигнал е лошата конекција, тоа ме излудува! - кажал тој.

Гнар глумел во комедии и стендап-комедии, и тоа заедно со својата поранешна сопруга. Се прославил по улогата на злобен, средовечен марксист образован во Шведска чие детство го уништила неговата мајка, милитантна феминистка. Така, тој основал сатиричка политичка партија заедно со еден пријател - Best Party. Таа ја пародирала исландската политика. Тие ветувале отворена корумпираност, наместо тајна како останатите партии. Тие ветувале бесплатни пешкири на сите градски базени, купување поларна мечка за Зоолошката градина и изградба на Дизниленд на аеродромот.

Пред изборите, тој сериозно изјавувал дека нема намера да соработува со никој кој не ги гледал сите сезони на серијата „Wire“. Неверојатно, тој победил на изборите во Рејкјавик во 2010 година. Иако неочекувана, неговата победа била протест на граѓаните против останатите политичари, кои ја уништила исландската економија. Кога Гнар преземал, Рејкјавик бил на работ на банкрот.

Како градоначалник се појавил на геј парада како трансвестит, а понекогаш на состаноци доаѓал во женска облека како протест против патријархатот. Татко станал многу рано, на 20 години и има 5 деца. Гнар неодамна станал и дедо. Изминатата година, Гнар поминал четири месеци во Хјустон како стипендист на универзитет како автор.

Денес работи во медиум и активен е на социјалните мрежи, кадешто честопати објавува духовити статуси. Иако исланскиот народ сака да го види како следен претседател, тој одлучил да не се кандидира. Вели дека има други планови, работи во медиумите, пишува сценарио и сака да поминува време со семејството.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура