X
 15.02.2016 Култура

Пештерите Гомантонг - Место од најстрашните кошмари


Длабоко во џунглите во Борнео во Малезија се наоѓа пештерски состав кој не им е омилен на туристите. Во темните пештери Гомантонг се наоѓаат милиони лилјаци кои висат од горе, додека ѕидовите и површината се покриени со бубашваби, бумбари, стаорци и други бубачки кои се хранат со изметот од лилјаците и остатоците од нивните гнезда. Во пештерите има и змии кои се хранат со бубачките и стаорците.

Остатокот од измет од лилјак на површината е длабок три метри. Посетителите ги набљудуваат пештерите од дрвени премини. Пештерите Гомантонг се најголемите во регионот. Истите се најпознати по гнездата на лилјаците, но и птиците кои се користеле за подготовка на супа од птичјо гнездо. Оваа супа се смета за специјалитет во кинеската исхрана.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура