X
 17.02.2016 Конкурси

Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата "Прошетка низ Европа"



Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ ги поканува креативните студенти да достават предлог дизајн корици за 5 романи од едицијата „Прошетка низ Европа“.

Оваа едиција вклучува романи на современи европски автори и има за цел да го одведе читателот на книжевно патешествие низ различните културни предели на Европа. Издавањето на едицијата претставува дел од проектот „Креативна Европа“ поддржан од Европската комисија за литературни преводи на европски автори на македонски јазик. Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина публикации“ ги поканува и студентите од сите области да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото.

Заинтересираните студенти можат да аплицираат со едно или повеќе решенија за корици, за еден или повеќе романи од петте понудени. Пропозициите за учество на конкурсот, информации за романите, авторите и воопшто за проектот, како и приказ на кориците на досега објавените книги во едицијата, можат да се најдат на интернет страницата „Прошетка низ Европа“.

Решенијата во .jpg или .png формат, заедно со кратка биографија на кандидатот, треба да бидат испратени на publishing@arslamina.com, со назнака „Конкурс за дизајн на корица“, најдоцна до 01 март 2016 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 20 март 2016 година. Вкупниот награден фонд за победничките решенија изнесува 30.000 денари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси