X
 18.02.2016 Наука

Колку од вас можат да ја решат оваа детска загатка со овошје?

Најновата загатка што го подели интернетот се чини како математички проблем во кој се вклучени јаболка, банани и кокоси.

 

загатка


Но, поради визуелната „измама“, оние луѓе кои се обидуваат да ја решат загатката, се`уште не можат да дадат јасен одговор.

На фотографијата е претставен проблем кој ве предизвикува да ја утврдите нумеричката вредност на секое овошје. На пример, горната равенка покажува три јаболка кои заедно собрани изнесуваат 30, што значи дека вредноста на секое јаболко е 10.

Во следната равенка, јасно е дека бананите се еднакво на бројот 4, додека половините од кокосите се еднакви на два.

Во последната равенка, загатката од вас бара да го одредите збирот на половина кокос, едно јаболко и три банани, врз основа на информацијата дадена во претходното прашање. Токму тука одговорите се разликуваат помеѓу интернет корисниците.

Некои од нив веруваат дека пар од половина кокос е еднакво на 2, такашто еден кокос е еднакво на 1. Слично на тоа, некои сметаат дека купчето од 4 банани е еднакво на 4, а купче од 3 банани е еднакво на 3, со што одговорот би бил 14.

Други пак веруваат дека равенката со кокосите изнесува 2, додека купчето банани изнесува 4, без оглед на илустрацијата. Со тоа, одговорот е 16.

На која страна и да сте, и оваа загатка потврдува дека интернетот никогаш не може да се согласи и договори за ништо.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука