X
 18.02.2016 Култура

Видеото на сараевски студенти кое го испровоцира регионот

Сите понекогаш сме сакале некогаш да им поделиме по некоја пцовка на владата, шефот, професорот, колегата... Но ретко ова го гледаме како ослободување од таа фрустрација.

 

studenti


Студентите од Академијата на сценските уметности во Сараево во своето видео со провокативен наслов, сакаат да допрат до просечниот Балканец.

Видеото кое на YouTube полека надминува 100.000 прегледи е всушност вежба на студентите на Академијата за сценски уметности во Сараево и е направено за потребите на испитот на студентот Андреј Хамзиќ.

Текстот кој го кажува Давор Голубовиќ, воедно и глумец во видеото, е всушност од филмот „25th hour“ на режисерот Спајк Ли прилагоден за нашето време и простор. Сценаристот на ова виео е Ади Лучиќ, а режисерот Ирфан Авдиќ открива зошто го искористил баш тој монолог од филмот.

„Монологот од филмот „25th hour“ на Спајк Ли за мене претставува еден од оние моменти кога гледате некое дело и помислувате: „Зошто ова јас не сум го направил?“ За среќа, на Одделот за продукција на Академијата за сценски уметности постои испитна задача која подразбира цитирање на една сцена од филм по желба, па така колегата Андре Хамзиќ прифати и ја избра оваа сцена. Заедно со сценаристот Ади Лучиќ и глумецот Давор Голубовиќ започнавме да го развиваме концептот за нашата адаптација. Веднаш препознавме како транспозицијата на овој материјал може да се формира во силно, актуелно дело и да ги отвори социјалните и политичките прашања“, вели Ирфан Авдиќ.

Момците во видеото го прилагодија оригиналниот текст од филмот за денешното општество и времето, при што прилично успешно го постигнале сето тоа.

„Нашата цел беше да создадеме драматургија (слична на таа во оригиналниот филм) која во афективниот монолог одразот на главниот лик ќе ја бара вината во другите додека конечно ќе стигне до себе. Неговиот монолог се движи од рабовите на општеството и најниските ксенофобични и фашистички коментари кон борбата против лицемерието на државните апарати, самата држава, општеството, па се` до приватните сфери на главниот лик, односно неговото семејство, пријателите и девојките. На крајот, откако ќе ги ицрпи сите останати опции, тој главниот лик мора да го пронајде во себеси. Тоа е и идејата на оваа испитна филмска вежба и мислам дека таа резонира со многу луѓе“, опишува Авдиќ.

 

Она што пријатно изненадува се коментарите. Иако видеото е провокативно и не е за сечии уши, и на почетокот може да предизвика милион прашања, особено ако не знаете за кој филм станува збор и за која сцена, коментарите на корисниците на YouTube воглавно се позитивни и охрабрувачки. Изгледа дека сепак не е се` така црно и негативно и дека луѓето ја сфатија поентата на приказната.

 

„Секако дека кога се занимавате со чувствителни теми, морате да бидете свесни за ризикот и одговорноста. Ние сме позитивно изненадени што има гледачи и надвор од Босна и Херцеговина и што регионот го толкуваше видеото на позитивен начин, па дури во коментарите луѓето го признаваат чувството на срам кое го почувствувале на крајот од видеото. Неплански, самиот чин на гледање на видеото на интернет платформите кои овозможуваат и коментирање на содржината, стана еден вид на ефикасно огледало на поединците кои пишуваат коментари. Би издвоил еден коментар кој според мене дава заклучок за целата приказна: „Не го обвинувај огледалото што сликата е грда“, вели Авдиќ.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура